Крвава пресметка: Убиен е адвокатот на убиецот на Аркан, ранет и неговиот 8-годишен син (ВИДЕО)


Пит Михалик, познат адвокат од Јоханесбург и адвокат на убиецот на Аркан, Добросав Гавриќ, убиен е пред приватното училиште во Грин Поинт додека ги водел децата во училиште.

Михалик е ликвидиран со пукање во главата, а убиецот, после заседата заминал со метлик сиво „поло“. Според некои информации ранет е и осумгодишниот син на адвокатот, кој со сестра му бил во автомобилот.

Михалик во адвокатските кругови е познат по тоа што застапувал голем број мафијашки водачи. Неговото убиство се поврзува со убиството на адвокатот Нурудин Хасан кој исто така работел на случајот Гавриќ.

Ова е уште едно од низата ликвидации кои во Јужна Африка се поврзани со Срби.

Добросав Гавриќ осуден е на 35 години поради убиство на Аркан Ражнатовиќ и двајца негови пријатели Миленко Мандиќ и Драган Гариќ Гагиќ, се уште се наоѓа во домашен притвор во Јужноафриканската Република, каде е уапсен во декември 2011 година, а тамошните власти не го испорачуваат на Србија, за што многу придонел и убиениот адвокат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1