Бразилски фудбалер мачен, избоден со нож, обезглавен и фрлен во грмушки


Мртвото тело на фудбалерот на Сао Паоло Даниел Кореа Фреиатас е пронајдено рано утринава во градот Сан Хозе дос Пињаис во Паран.

Безживотното тело на 24 годишниот фудбалер Фреиатас е пронајдено фрлено во грмушка.

Во полицискиот извештај за овој случај стои дека фудбалерот бил мачен пред смртта, дека на телото имало многу убоди од нож, од кои два убода била длабоки во пределот на вратот и дека главата била отсечена од телото како и гениталиите.

Даниел Кореа Фреиатас фудбалската кариера ја започна во Боатефого од каде во 2015 година премина во тимот на Сао Паоло.

Неговиот тим денешниот тренинг го започнал со минута молчење поради убиството на нивниот напаѓач.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1