Арнаудов и Василевски не сакаат да кажат дали ќе гласаат за одземање на пратеничкиот имунитет на Груевски


Треба да одиме во Собрание, па таму да кажеме што се случува. Ништо стварно не знам што се случува. И мене ми го одзедоа мандатот и никој ништо не ме праша .

Пратениците Љубен Арнаудов и Сашо Василевски на излегување од Кривичен суд, на паузата од денешното судење за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија, на новинарско прашање дали ќе гласаат за одземање на пратеничкиот имунитет на Никола Груевски во Собранието, рекоа дека не се запознаени, дека се на суд и не може да знаат што се случува во Собранието.

Арнаудов посочи дека и него му го зеле мандатот, па никој не рекол ништо, а спорно е и тоа што пратеникот Павле Богоевски што ја води собраниската Комисијата за именувања каде се разгледува одземањето имунитет, е инволвиран како сведок во овој судски процес.

– Треба да одиме во Собрание, па таму да кажеме што се случува. Ништо стварно не знам што се случува. И мене ми го одзедоа мандатот и никој ништо не ме праша . Човекот кој ја води седницата директно е инвовлиран во овој процес и е претседател на комисија. Сметаме дека Павле Богоевски е засегнат, бидејќи беше сведок на судењето, а претседаваше со таа комисија. Нема логика…Да го докажеме дека не е така тоа што сакаат да ни и го наметнат, па потоа ќе разговараме за другите работи, потенцира Арнаудов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1