Црна Гора забрани влез за српските интелектуалци


Црногорската полиција потврди дека донела одлука со која на четворица српски интелектуалци, меѓу кои и писателот Матија Беќковиќ, им се забранува влез во Црна Гора.

„Преминувањето на државната граница, освен на Беќковиќ, исто така им беше ускратено и на историчарите Чедомир Антиќ и Александар Раковиќ, како и српскиот политичар и адвокат Дејан Мировиќ“, беше објавено во подгорички „Дан” од Граничната полиција.

На старешините на сите гранични премини им е дадена листа на луѓе кои, како што велат, „не смеат ни случајно” да влезат во земјата бидејќи „ја загрозуваат националната безбедност на Црна Гора”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1