СЈО: Замрзнат имотот на „Европа 92“ и на „Ноел“ во истрагата за „Поштенска банка“


На барање на Специјалното јавно обвинителство Кривичниот суд го замрзна имотот на осомничени во истрагата за случајот Поштенска банка.

Како што информираат од обвинителството со свјот имот нема да можат да располагаат фирмите Европа 92, Ноел експорт – импорт Гевгелија, но и имотот на нивните сопственици, поранешниот градоначалник на Кочани Ратко Димитровски и Томе Главчев.

Обезбеден е и имот од други правни лица кај кои имаме сомневање дека се прелеала противправна имотна корист – ТУРИСТКО Кочани, БЕНТТОН експорт-импорт Гевгелија, НОЕЛ КОМПАНИ Гевгелија и НОЕЛ ПЛУС с.Стојаково-Богданци. Со мерките на Судот се забранува отуѓување и располагање, а дејствијата се превземени со оглед на тоа што постои oпасност истиот имот да биде отуѓен до правосилно завршување на постапката.

„Поштенска банка“ е најнова истрага на СЈО, отворена во октомври. Станува збор за перење пари од времето на Љубчо Георгиевски како премиер, Марјан Ѓорчев како вицепремиер и Никола Груевски како министер за финансии, поради што на 13 октомври беа спроведени во суд тројца од деветтемина осомничени. Поради застареност на делото злоупотреба на службената положба, кривично нема да одговараат Георгиевски, Ѓорчев и Груевски.

Инаку вчера судот го замрзна имотот меѓу кој и партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ. Од партијата и денеска обвинија дека позади ова стои СДСМ во спрега со СЈО со цел да го спречи политичкото делување на ВМРО ДПМНЕ.

Во меѓувреме СЈО ја заврши конфискацијата од „Трансмет“, компанијата на осудениот Сеад Кочан, а истото планира да го стори со „Силекс“. Запленетата вредност на имотот на „Трансмет“ е скоро половина милијарда денари готовина и движен имот од над 400 милиони денари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1