Турција и САД меѓусебно си ги укинаа санкциите


САД и Турција си ги укинаа санкциите , кои реципрочно си го воведоа од август годинава во екот на дипломатската криза.

Според турското Министерство за надворешни работи, санкциите кон САД се укинати. И американците ги укинаа санкциите кон двајцата функционери на турскиот претседател Ердоган во знак на подобрување на односите откако Турција пред три недели го ослободи американскиот пастор од турски затвор.

САД претходно им одреди санкции на министрите за внатрешни работи и за правда поради случајот со пасторот Ендрју Брансон.

Турција денеска веднаш одговори на американскиот потег со симнување на санкциите воведени кон државниот секретар за национална бесбедност , Киртјен Нилсен и министерот за правосудство , Џеф Сешнс.

Вчера претседателите Доналд Трамп и Реџеп Таип Ердоган имаа телефонски разговор во кој станало збор за нормализација на односите меѓу двете земји.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1