Комисијата во вторник ќе одлучува за мандатот на Груевски


Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања во втроник на 6 ноември ќе го разгледува предлогот за одземање на мандатот на поранешниот премиер Никола Груевски.

Информацијата е објавена на веб страницата на Собранието.. Седницата е закажана откако судот го извести Собранието дека пратеникот е осуден на двегодишна затворска казна за случајот Тенк.

Комисијата ќе треба да одлучи дали Груевски е достоен да ја извршува функцијата пратеник и ќе даде препорака, а конечниот збор ќе го има Собранието.

За одземање на мандатот потребно е двотретинско мнзоинство, кое е тешко достижно со оглед што 8-те пратеници од новата пратеничка група денеска соопштија дека нема да поддржат таква одлука.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1