Италија завиена во црно – вчера и денеска уште пет жртви (ФОТО+ВИДЕО)


Невремето што пет дена дивее низ италија направи пустош , особено во северниот дел на земјата.

Вчера и денеска се регистрирани уште пет жртви на страшнотот невреме , со што бројот се искачи на најмалку 14. Патиштата на северот на земјата се урнати од свлечишта . најлоша е состојбата во областите Венето и Трентино , каде дождовите предизвикаа големи свлечишта и уривање на големи површини под шума.

Училиштата веќе цела недела не работат , а поради надојдени води и свлечишта е затворена и главната сообраќајница низ Доломитите.

Ветрот , кој дуваше со брзина и од 120 километри на час , откорна илјадници дрвја , од кои дел паднаа врз возила и се главна причина за големиот број жртви.

Само во долината Фиеме се откорнати повеќе дрвја за еден час отколку што биле исечени за три години. Десетици илјади домаќинства и денеска се без струја .

,,На колена сме. Ако не интервенираме со итна финансиска помош , нашите долини ќе останат пусти , од нив ќе нема корист. “ , изјави претседателот на регионот Венето, Лука Заиа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1