Почина бизнисменот Марио Сегале , по кого е наречена видео играта Супер Марио.
Сегале почина на 84 годишна возраст и цел живот бегал од славата , но неговото име го носи најпознатата видео игра на сите времиња. Тој беше Американец со италијанско потекло , кој се занимавал со градежништво и продажба на недвижниости во државата Вашингтон.
Во осумдесетите години им отстапил едно од своите складишта на јапонската компанија Нинтендо , а тие во знак на благодарност го нарекле главниот лик на видео играта по него.
Ликот на Супер Марио е супер популарен во целиот свет веќе 30 години , но неговата слава не се намалува.
Последната авантура ‘Super Mario Odyssey’е најпродавана Nintendo Switch конзола на видео игри со продадени над 12 милиони примероци.