Само во последните 20 години во Албанија поради крвна одмазда се убиени повеќе од 5700 лица. Се бара да се воведе смртна казна за оние кои убиваат поради крвна одмазда, јавува Миа.
Во Скадар се одржува и трибина на тема „Крвната одмазда се уште е отворена рана“.
Католичката црква во Скадар, донела и декрет со кој сите оние кои убиваат поради крвна одмазда, се бришат како верници католици и се прогласуваат за неверници.
По ова и албанскиот премиер Сали Бериша побара за убијците поради крвна одмазда да се врати казната доживотен затвор. Сега е предвидена казна затвор најмногу 20 години.
Како најесктремен случај на „плаќањето крв за крв“, медиумите го наведуваат убиството на 17-годишната Марие Цуку и нејизниот 70-годишен дедо Коле Цуку, кои биле егзекутирани на само неколку метри од нивниот дом, кога излегле да работат на поле. Семејството Цуку, со години се криело поради страв од крвна одмазда.