Досега беа пуштени неколку варијанти за потеклото на името. Некои се чисти приказни кои се прераскажуваат, некои се наводно втемелени на одредени факти и записи.. Еве ги оние кои се најраспространети.
Корен на името Македонија
МАКЕДОНИЈА-
МАКЕ= ЗЕМЈА
ДОН= ВЛАДЕТЕЛ ; СИН(дете) или СОНЦЕ
МАКЕДОНИЈА=ВЛАДЕТЕЛИ на ЗЕМЈАТА,
(ЗЕМЈЕНИ ВЛАДЕТЕЛИ)
СИНОВИ на ЗЕМЈАТА(ЗЕМЈЕНИ СИНОВИ)
ДЕЦА наЗЕМЈАТА( ЗЕМЈЕНИ ДЕЦА)
ЗЕМЈА на СОНЦЕТО(СОНЧЕВА ЗЕМЈА)
Првата варијанта, дека Македонија го добила името по кралот Македон, врз основа на митологија.
Прашањето за потеклото на името Македонија предизвикувало контраверзи уште во антиката. Има, главно, три генеалогии кои го објаснуваат потеклото на името Mакедонија. Првата генеалогија за името Македонија е запишана од Хесикиј од Александрија (V в.н.е.), а сочувана кај Константин VII Порфирогенит (913 – 959) каде се вели дека името Македонија доаѓа од митскиот јунак Македон кој бил син на Ѕевс и Тија.
Според генеалогијата на Еврипид старата форма на името Македонија е Макета, име кое Еврипид го поврзал со едно од имињата на бахамтките – свештеничките на богот Дионис – кои во Македонија се нарекувале Клодонес, Мимонес и Макетаи.
Втората варијанта, дека Македонија е кованица од грчки зборови – макос и дон преведено Широка Земја.
Македонија најверојатно има бригиско потекло со значење – земја. Стефан од Биѕантиј запишал дека Бригите биле македонско племе во сосетство на Илирите. Бригите биле стари жители на Македонија, а Хердот го соопштил и името на единствениот познат бригиски крак – Мида.Античките автори Бригите ги сметаат за најстар народ на светот (Херодот) и за изумители на голем број вештини (обработка на метали, ковење пари, изум на тркалото, користење жито, сиринкс – музиката на Марсиј).
Имено, името Македонија е од бригиско потекло. Оттука можеби произлегува и поврзаноста меѓу името Ематија што значи песоклива земја и името Македонија што на бригискиот јазик исто така значело земја. Според Плиниј и Страбон, најстарото географско име на Македонија е Ематија. Географот Птолемај запишал дека првата македонска престолнина Ајга се наоѓала во Ематија. Со името Ематија се означувала цела приморска, односно Долна Македонија.
Солин запишал една легенда според која Amathos или Emathos било име на македонски крал, а според друга легенда, Amathos бил син на Македон. Првото име на Македонија – Ематија било дадено од хеленските морепловци кога првпат пристигнале во приморска Македонија, Ематија на хеленски јазик значи песоклива земја.
Трета варијанта, дека Македонија и Македонци, означуваат “високи луѓе“ или “планински“, како опис на луѓето.
Името доаѓа од придавката македнос која се среќава само кај Хомер и која значи висок. Во конкретниот случај македнос би требало да означува ,,високи луѓе”, ,,планинци”, ,,горштаци”. Оваа етимологија е поврзана со денес веќе надминатата теза дека античките Македонци дошле од високи места т.е. од Горна во Долна Македонија.
Уште едно објаснување е сека МАКЕ-ДОНИЈА претставува земја на Божицата Ма, позната уште како и божицата Голема Мајка, Мајка на Земјата, Божица на Плодноста, Мајка на Раѓањето, Гаја, Ѕебеле/Земеле и др.
Во Македонија, Големата мајка (Магна матер) беше најобожуваниот култ во неолитот. Најраниот запис датира од периодот од 6500-3500 п.н.е. и до денес сме сведоци на силниот белег кој го оставил матријархатот врз овдешните култури и верувања, кој се зачувал во името на Македонија и Македонците.
Ма е прикажана со соларни и воени обележја. Со зраковидна круна на главата, но и како хетско божество на војната со штит, оклоп, меч, копје или либрис. Со текот на времето, соларниот карактер на божицата бил потиснат и во римско време Ма била божица со војнички карактер.
Од оваа божица се најдени само три ликовни претстави и неколку натписи. Во Едеса постоело светилиште на оваа божица и се најдени повеќе од триесет манумиски натписи. Од трите досега пронајдени вотивни плочи, една е пронајдена во Претор кај Ресен.
Ма не е посведочена во Хелада. Според некои научници, Ма е старо бригиско, односно македонско божество кое со текот на времето било запоставено, а по походот на Александар III Македонски на исток било оживеано.
МА – како основа од МАКЕ означува – жена, мајка во сите индоевропски јазици.
ДОН – ДИОН(А) означува – Бог, божество, божица.
Култот на Големата Мајка е познат и од античката беседа Диона од Додона.
Диона е индоевропско име кое претставува титула – Божица, етимолошки женска форма од Зевс.
Пета варјанта е дека Македонија го добила името според Македон.
Митологијата вели дека Македон бил митски предок на Античките Македонци . Според една легенда Македон бил син на Зевс и Тија, ќерката на Девкалион, и брат на Магнет. Според имињата на неговите синови наречени се античките македонски градови Пиереја и Аматија. Константин VII Порфирогенит (913 – 959), потпирајќи се на постари извори (Хесикиј од Александрија (V век пр. н.е.) вели дека името Македонија доаѓа од името на митскиот јунак Македон. Покрај овој податок зачувани се уште три схолии (коментари) според кои:
- Македон е син на Дион и Аитхија,
- Македон е син на Диос и Аитхија
- Македон е син на Диос и Аитхрија
Според Аполодор Атински (II век пр. н.е.) Македон е син на аркадискиот крал Ликаон кој имал 50 синови.
Според Диодор Сицилиски (I век пр. н.е.) Македон бил син на египетскиот бог Озирис. Кога Озирис тргнал да го освојува светот со себе ги повел и своите синови Анубис и Македон. Браќата биле одлични воини, но со различни карактери, првиот потсетувал на куче, а вториот на волк, поради што Анубис бил наметнат со кучешка кожа, а Македон носел волчја глава како симбол. Откако во Тракија го убил кралот Ликург, Озирис го прогласил Македон за крал во земјата која по него го добила името Македонија.
И последната распространета верзија е дека името сме го добиле по МАК – Афион. Односно дека ова била земја каде растел квалитетен афион. Во Тиквешијата се најдени неколку надгробни стели од римскиот приод, на кои е прикажан афион. Во антиката имало убедување дека сонот е привремена смрт, афионот поради своето својство да опива и да успива, станал погребен и култен симбол. Афионот е прикажан и на накит. Во Требениште се најдени прикази на сребрени игли од фибули од типот Штрпци.