На денешното судско рочиште за предметот „Титаник“ обвинителка рече дека Миле Јанакиески и Кирил Божиновски планирале да избегаат на ист начин како и Никола Груевски.
Поради бегството на Груевски, доцна синоќа судот донесе решение за притвор со кое ги уважува предлозите на СЈО.
“Судот за Миле Јанакиески и Кирил Божиновски доцна синоќа донесе решение со кое ги уважи нашите предлози место досегашните мерки одземање патни исправи и јавување во судот, да им определи мерки притвор. Вчера добивме информации дека не само што Груевски се даде во бегство, туку за бегство се спремаа на ист начин како и обвинетиот Никола Груевски и обвинетите Јанакиески и Божиновски”, рече обвинителката Лиле Стефанова.