Со цел да се обезбеди полесен проток на сообраќајот и да се намали сообраќајниот метеж пред ТЦ „Скопје Сити Мол“, во претстојниот период, Општина Карпош во соработка со СВР Скопје, започнува да поставува нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација низ сервисните улици во урбаната заедница Карпош 4.
Овие промени се прават врз основа на сообраќаен проект за промена на режим на сообраќај, на овој потег од Општина Карпош.
Така, ќе се намалат проблемите во соообраќајот во овој фреквентен дел на Карпош, коj всушност претставува тесно грло и кое предизвикува метеж во повеќе периоди од денот.