Иванов бара одговорност од УБК и МВР


Шефот на државата Ѓорѓе Иванов бара од надлежните институции да утврдат одговорност на службите за следење на комуникациите за белешките на Управата за безбедност и контраразузнавање за екс-министерот Миле Јанакиески и бившиот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски.

Иванов се сомнева дека незаконски се следат неговите и активностите на неговиот кабиент откако Кривичниот суд потврди дека УБК поседува информации дека двајцата поранешни функцинери и обвинети барале средба со Претседателот за помилување, во спротивно планирале бегство. Јанакиески и Божиновски од средата се во притвор токму поради овие белешки на УБК.

„ Дали се уште незаконското следење на комуникации се прикрива со користење на измислени извори? … Врз основа на ова ги повикуваме собраниската Комисија за надзор над работата на УБК, Советот на јавни обвинители, Судскиот совет и Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации да утврдат одговорност за целиот случај и да го известат Претседателот “, се вели во соопштението од Кабинетот на Иванов.

Иванов вчера ја демантираше содржината на белешката за Јанкиески, а денеска го направи истото и за белешката за Божиновски тврдејќи дека средба со него воопшто немало.

Од Кривичниот суд пак, ваквото барање на Иванов го толкуваат како директно мешање на Претседателот во независноста на судот.

„Од кои причини се бара на увид службена белешка и од каде Претседателот ја црпи надлежноста да бара увид во судски докази и тоа во фаза на постапување по поднесен обвинителен акт и определни мерки за обезбедување присуство. За судот е важно да се обезбеди и истакне независноста во судското постапување и немешање во судските одлуки“ пишува во соопштението на Основен суд Скопје 1.

Нема основ за да им се определи притвор на Јанакиески и Божиновски, тврди нивната одбрана.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1