Авион прегази човек на писта на аеродромот во Москва


Синоќа откако слетал на аеродромот „Шереметјево“ во Москва, патнички авион прегазил маж кој починал на местото на несреќата, соопшти претставникот за медиуми на споменатиот аеродром, Ана Захаренкова.

– Патничкиот авион кој пристина од Атина слета на пистата, a додека се местел, eкипажот пријавил судар со неидентификуван објект. Потоа е пронајдено тело на човек чија облека и лични работи биле расфрлани наоколу на пистата, соопштила Захаренкова.

Мажот е веќе идентификуван, а како што јавуваат руските медиуми, за инцидентот е известена и полицијата која направила увид на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1