Мистерија која ја тресе Германија: 17 години не можат да го решат убиството на малата Пеги


Германската полиција вчера изврши рација на селски имот во Марклотејн, во германската покраина Горна Франконија, и го приведе на сослушување сопственикот на куќата, Мануел С. (41). кој беше еден од двајцата главни осомничени во случајот со исчезнувањето на девојчето Пеги Кноблох (9), на 7. мај 2001 година, што побуди надеж дека наскоро ќе биде расветлен еден од најмистериозните злосторства во Германија.

Дури 17 полициски возила вчера го опколија имотот и го одведоа Мануел С. и неговата сопруга на кој знае кое по ред сослушување во полициската станица во Бајројт.

https://youtu.be/sjBW68Z7p9Y

Вториот осомничен, ментално заостанатиот Улви К., своевремено во текот на сослушувањето во повеќе наврати го обвинил својот другар Мануел дека ја убил Пеги и се ослободил од телото. Алибито на Мануел за денот на убиството било климаво и затоа куќата вчера му е повторно претресена. Него со часови го сослушувале, но синоќа го пуштиле. На новинарите на Билд кои синоќа го посетија во неговата запуштена куќа им рекол дека „нема коментар“.

Случајот со малечката Пеги, која во мај 2001 година исчезна без трага во Лихтенберг, е еден од најпознатите нерешени злосторства во Германија. Во јули 2016 година, нејзините посмртни останки случајно ги пронајде човек кој берел печурки во граничната област меѓу Баварија и Тирингија. Нашол само делови од скелетот, но и облеката и ранецот на Пеги.

Ntv.de потсетува дека на местото каде се пронајдени остатоците на девојчето откриена е ДНК на извесен Уве Бернарт, припадник на терористичката организација НСУ (Националсоцијалистичко подземје). Подоцна, меѓутоа се испоставило дека тоа било последица на невнимателност при прибирањето докази и полицијата ја исклучи можноста припадник на НСУ да е вмешан во злосторството.

Во текот на 17-годишната истрага осомничени се низа луѓа, а најлошо помина ментално заостанатиот Улви К, кој во 2004 година, е осуден за убиството на девојчето. Меѓутоа 10 години подоцна е ослободен по обновената постапка.

Група жители на Линтенберг се обратија до јавноста со „апел за помош“. Тие обвинија 11 потписници на истрагата за тешки грешки и немарност, зошто наводно занемаиле бројни дојави, а изјави на сведоци им исчезнале.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1