Сашо Мијалков преместен во „хашка соба“


Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков е преместен од обична во т.н „хашка соба“ во затворот во Шутка, дознава ТВ21 од добро упатени извори.

Овие соби важат за привелигирани соби и градени се според стандардите на ЕУ. Во овие соби најчесто се сместуваат притвореници со здравствени проблеми, оние кои имаат врски или оние на кои им е загрозена личната безбедност според карактерот на делото, велат поранешни затвореници.

Покрај Мијалков и бизнисменот Орце Камчев исто така е сместен во „хашка соба“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1