Иванов и јавно ја дематираше вмешаноста на неговиот кабинет во собраниските настани од 27 април. Исказите на обвинетите во судскиот процес, дека се подготвувал терен за прогласување на воена или вонредна состојба според шефот на државата се очаен обид за дефокусирање на јавноста од вистинските организатори и мотивите за упадот во законодавниот дом.
– Прашајте кај биле генералите тој ден, кај бил началникот на Генералштабот, каде бил мојот аѓутант, Армијата. Веќе имаме и нова власт и нова министерка за одбрана која сите овие месеци можела да види што има во МО за тој ден зашто се` се евидентира. Армијата не е невладина организација, туку хиерархиски поставена институција која води евиденција за секој ден, за секој час, за секој војник и офицер. Ги повикувам оние кои шират вакви да се јават во амбасадите и да прашаат дали имало некакви влијанија врз мене и мојот кабинет околу наводно откажување да прогласи воена состојба , истакна Иванов.
Иванов вели дека неговите блиски соработници Синиша Алексовски и Борис Јосифовски веќе биле повикани и дале исказ во обвинителството за собраниските настани, а дека нема никаква нивна поврзаност со упадот јавно потврди и обвинителката Русковска.
Јавноста верува на обвинет, а не на официјалните институции. Имаше изјава и обвинителката, имаше соопштение и од Армијата и од кабинетот. Веројатно нашите изјави се многу поиздржани од изјава на обвинет кој прави се да го одбегне тоа што му следува, вели Иванов.
Реакцијата на Иванов следи по вчерашното сведочење на обвинетиот Александар Василевски Нинџа кој пред судот тврдеше дека на 27 април пефот на државата се подготвувал да прогласи воена состојба и дека членови на неговиот кабинет дирекно учествувале во организацијата на настаните.