Денеска е католички Бадник. Припадниците на римокатоличката и христијанските цркви кои времето го сметаат по Грегоријанскиот календар вечерва го слават Бадник.
Верниците, традиционално, постите ги завршуваат со појавата на првата вечерна ѕвезда на небото, а потоа во храмовите во целиот свет започнува свечената рождествова литургија.
За време на неа верниците се потсетуваат на старозаветните пророштва и настани поврзани со раѓањето на Исус Христос.