Се изведуваат материјални докази за убиството на Никола Саздовски


Со изведување на материјални докази предложени од Обвинителството денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски.

Како материјални докази предложени се вештачења на автомобилот, потврди од одземени предмети и анализи, фотографии, психијатриски вештачења, лекарски извештаи и извештаи од МВР.

Во судница се присутни двајцата обвинети Бесир Беља и Скендер Демири, кои се во притвор во затворот Шутка во Скопје.

Судијката Даниела Алексовска на почетокот на рочиштето најави дека по завршување со изведувањето на материјалните докази ќе бидат испитани двајцата обвинети, кои се предложени од одбраната, па потоа ќе се прави реконструкција на настанот.

Адвокатите на обвинетите реагираа на таквиот редослед и побараа најпрво да биде извршена реконструкција на настанот. Тие го известија судот дека сега во оваа фаза го повлекуваат предлогот за испрашување на обвинетите.

Според обвинителниот акт Беља и Дамири, заедно со Ј. Љ. (19), кој е во бегство на 29 јуни годинава крвнички го претепале Никола Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ во Автокоманда. Од здобиените повреди Саздовски на 9 јули годинава почина во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1