На Оливер Спасовски му се намалила довербата во СЈО


На министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски му се намалила довербата во тимот на Катица Јанева.

Министерот овој одговор го даде на денешниот неформален брифинг одговарајќи на новинарско прашање дали се уште верува во СЈО кога довербата на граѓаните во оваа институција е опадната.

,,Верувам во оваа институција, но довербата не е истата како што беше во периодот кога се залагав таквата институција да биде формирана и кога СЈО почна да работи,,рече тој

Прашан дали бегството на Груевски влијаело на нарушување на неговата доверба во тимот на Јанева тој рече дека и тоа може да се смета во тие фактори.

Министерот не сакаше да каже детали од истрагата за бегството на експремиерот, посочувајќи дека прво треба Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција да излезе со информации.

Тој рече дека не е задоволен од укинување на мерките притвор и ги оцени како ,,несреќни одлуки ,,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1