Бетмен, Дамовски и Јовановски добија амнестија


Обвинителството даде уште три позитивни мислења за амнестија на обвинетите за терористичко загрозување за 27 април, а позитивно мислење даде и за еден од веќе осудените за останатите дела поврзани со упадот.

Богдан Илиевски, Борис Дамовски и Владо Јовановски се тројцата нови кои денеска беа амнестирани за настаните на 27 април. Тоа доцна попладнево го одлучи Кривичниот суд.

Илиевски, Дамовски и Јовановски беа обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Според обвинението тие се товареа дека на протестите со потпалувачки говори го потпалувале народот.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1