Ова е Милош кој е убиен во заседа во Сараево – ликвидиран синот на едно од најбогатите семејства


Наследникот на богато семејство, 30-годишниот Милош Остојиќ е убиен вчера во источно Сараево, во класична заседа. Тој е ранет пред клубот „Спарта“, а од последиците на повредите починал.

-Непознато лице синоќа околу 23:05 часот во источно Сараево со огнено оружје тешко ранил маж чии иницијали се М.О. кој притоа беше превезен во Болница „Србија“ каде недолго после тоа почина – соопшти полицијата.

Жртвата потекнува од моќно семејство, имаат неколку приватни фирми, и голем број мештани од источно Сараево вработени кај нив. Исто така, клубот пред кој Милош бил убиен бил во сопственост на неговото семејство.

Истрагата за убиството ја презела Управата за организиран и тежок криминал, потврдено е од МУП Република Српска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1