Колку чини бесмртноста – веќе има замрзнато покојници кои ќе оживеат кога ќе се најде лек


Компанијата „КриоРус“ веќе цели осум години чува тела на покојници во течен азот за во иднина овие луѓе да можат повторно да се оживеат доколку науката пронајде начин за оживување на мртвите. Во процедура веќе имаат влезено 34 луѓе и 14 домашни животни, а потпишани се договори за уште над 100 луѓе. Нарачатели има и од САД и од Заедницата на независни држави. Мислењата за овој проект се разликуваат, но сопствениците на компанијата вложуваат пари во конкретни научни истражувања.

bay01Минатогодишната анкета на „Левада-центар“ покажа дека 41% од граѓаните на Русија се плашат од смртта, додека 20% имаат желба да живеат вечно. Компанијата „КриоРус“ го засновала својот бизнис на овие стравови и желби.

Таа од 2005 година се занимава со длабоко замрзнување на телата на починатите луѓе и на мртви животни со цел во иднина да можат повторно да бидат оживеани.Компанијата има десет основачи меѓу кои се биофизичарот Игор Артјухов, основач на Институтот за биологија на стареењето, Валерија Прајд, активен учесник на Руското трансхуманистичко движење и Данила Медведев, кој поради криониката ја напуштил кариерата на аналитичар на една инвестициска банка.

Претприемачите долго ја следеле работата на меѓународните компании за крионизација и сфатиле дека нивните технологии можат да се користат во Русија. Во тоа време на Запад постоеле четири вакви компании (најпознати се Alcor и Cryonics Institute во САД), кои во тој момент имаа крионизирано околу 150 луѓе.

cryo1

Светла верба во иднината

Крионистите сметаат дека човековото тело може да се доведе во состојба на анабиоза пред да почне да се распаѓа, и дека во таа состојба може да остане додека науката не најде начин за оживување на мртвите. Истражувачите се уверени дека ќе биде можно да се оживее телото, а воедно и личноста и свеста на конкретниот човек. За да се постигне тоа, ќе биде потребно повторно да проработат оние делови на мозокот на покојникот кои се одговорни за трајното паметење. Исто така, некои веруваат дека во иднина ќе постојат повеќе можности да се оживее мозокот доколку неговите делови се заменат со електронски чипови и дека на научниците ќе им појде од рака да изработат модел на мозокот со сите детали.

kriorusСпоред мислењето на Медведев и Прајд, кои се повикуваат на трудовите на познати неврофизичари, ова може да се случи во следните 50 до 100 години.

Оптимизмот на крионистите не го делат претставниците на официјалната наука со кои разговаравме. „Светската наука денес смета дека замрзнатите човечки организми не можат да бидат оживеани. Поради тоа руската медицинска наука ги третира крионистите како бајачи или надрилекари, и како популаризатори на псевдонауката“, смета Ирена Силујанова, шеф на катедрата за биоетика при Рускиот национален истражувачки медицински универзитет „Н.И. Пирогов“.

Од правна гледна точка фактот дека компанијата се занимава со нестандардна дејност, сепак не значи дека нејзините работници се измамници, одговара Светлана Јудина, правник на компанијата „Хренов и партнерите“. „Работата на компанијата за зачувување на луѓето може да се третира како измама доколку работник на компанијата тврди или ветува дека замрзнатиот труп сигурно ќе оживее и дури и го наведува датумот или периодот кога тоа треба да се очекува. Но, ако работниците само тврдат дека оживувањето е можно, но со помош на методи кои сè уште не се откриени, тогаш тука не постои никаква измама“.

422_cryonics4Клиентите на компанијата „КриоРус“ потпишуваа договор за изведување научен експеримент за зачувување и оживување на луѓе. Компанијата бара од нарачателот потврда дека извршителот не гарантира дека ќе го оживее криопациентот.

„Русија треба да подготви закони со кои се регулира криониката“, смета Марија Баст, претседател на Асоцијацијата на адвокати на Русија за човекови права. „Сега ‘КриоРус’ има многу проблеми. Дури и ако некој по писмен пат изразил желба по смртта да биде крионизиран, роднините честопати ја оспоруваат таа одлука, така што успехот на крионичкото замрзнување на нечие тело зависи и од односот на неговите блиски“.

Цена на (потенцијалната) бесмртност

Основачите во 2005 година вложиле околу 10 илјади долари во овој бизнис. Парите главно се потрошени на опрема за криоториум (објект за чување на телата) во Зеленоград во околината на Москва.

Подоцна се потрошени уште околу 20 илјади долари за купување на неколку криостати за чување на телата во сув мраз. Дополнителни средства се потрошени и за неколку термоси од 45 литри (за чување на одделни органи, биолошки примероци на ДНК, крв од папочната врвца и друго). Откако компанијата започнала да работи нејзините основачи потрошиле околу 60 илјади долари, а преку 50 илјади долари добиле од спонзори.

hqdefaultЗамрзнувањето на целото тело во компанијата „КриоРус“ чини 36 илјади долари, а само на главата или мозокот (неврокрионизација) 12 илјади долари.

Поддршката на работата на криоториумот (вклучувајќи ги и трошоците за плата на вработените) ја чини компанијата од 80 до 120 илјади годишно. Купувањето течен азот (а, на фирмата ѝ е потребно половина тон месечно) чини 8.5 илјади долари годишно.

Крионаути

Во моментов во компанијата „КриоРус“ се замрзнати 34 покојници (од кои помалку од половина избрале неврокрионизација). Уште 100 луѓе однапред имаат платено за оваа услуга. Нарачките не се само од Русија, туку и од Заедницата на независни држави, од Европа и од САД. Во криоториумот се чуваат и тела на 14 домашни животни (за секое од нив сопствениците платиле во просек по 12 илјади долари). Компанијата во 2013 година крионизирала 11 луѓе и заработила околу 230 илјади долари. Според Валерија Прајд, работата веќе почнала да носи профит.

zamrznatЗасега „КриоРус“ не троши пари на реклама и на маркетинг. Основачите на компанијата се надеваат дека истражувањата кои се во тек ќе овозможат веќе во следниве децении да се реализира оживување на пациентите. Истражувањата се вршат во две лаборатории (во Москва и во Воронеж). Во научните истражувања се вложуваат околу 30 илјади долари годишно, со тоа што и двете лаборатории наоѓаат приватни инвеститори. Основачите планираат во иднина да ја прошират работата и да опремат уште еден криоториум каде ќе се чуваат телата замрзнати по нова технологија, без кристали мраз. За инвестирање во овој проект ќе бидат потребни уште околу милион долари.

Медведев и Прајд сметаат дека компанијата за крионизација во иднина ќе можат да склучуваат договори за кредитирање на криоуслугите и со банките (сега некои банки даваат кредити само за извршување „обични“ закопи).

Руска реч

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1