Харадинај остана без американска виза поради царините против Србија


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај не доби американска виза со што е оневозможен да присуствува на конференција посветена на Балканот на 6 февруари. Извор од Стејт Департментот за „Ал Џазира Балкан“ потврди дека Харадинај не добил дозвола за влез во САД поради воведување на такси кон Србија и БиХ.

Од канцеларијата на косовскиот премиер соопштија дека тој сè уште нема добиено одговор на апликацијата за виза што, меѓудругото, ја побарал да присуствува и на Молитвениот појадок во Вашингтон.

Во текот на денот, пак, Советот за национална безбедност на САД и Стејт Департментот освоија документ од осум точки во кој од Владата во Приштина се бара итно укинување на таксите на производи од Србија, во спротивно Приштина ќе се соочи со санкции.

Харадинај одговори дека Приштина ќе се обиде да ги укине таксите по добивање на меѓународни гаранции дека финалниот договор со Белград ќе резултира, како што наведува, со взаемно признавање на двете земји.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1