Веља: Немав намера да го убијам Саздовски, жал ми е


Судењето за убиството на Никола Саздовски продолжи по паузата по барањето на адвокатот на обвинетиот Бесир Беља, Насер Рауфи, кој побара прво да се изврши реконструкција на настанот, а потоа да се врши вкрстено испитување на обвинетите, што беше одбиено од Судечкиот совет, објави 24 Инфо.

Прв сведочеше Беља, кој диреткно беше испитан од адвокатот, кој побара обвинетиот да каже дали кога давал исказ во ЈО бил испрашуван во врска со кривично дело убиство или насилство.

-Ме испрашуваа за насилство, односно за кривично дело насилство кое го признав, и за кое сакав да се спогодам со обвинителствотото, рече Беља.

Тој објасни дека критичниот ден околу 3.30 часот ги повикал Јетон и Скендер да одат на кафе или на јадење, па кога се собрале влегле во автомобилот, но не одлучиле каде да одат.

– Носев шорцеви црни или тегет, црна мајца и папучи бидеќи беше жешко. Јетон носеше фармерки и некоја сина мајца, а на нозете не се сеќавам ,а Скендер не се сеќавам како беше облечен. Потоа движејќи се кон автобуската станица ми се причини дека ја видов братучетка ми, па откако ја одминавме станицата застанав со автомобилот. Излегол од возилото и пеш се вратив кон станицата, но видов дека не беше братучетка ми и кога тргнав кон автомобилот го видов Саздовски како ме гледаше провокативно и почуствував како да сакаше да ми направи нешто. Јас му пријдов и му реков „кој си ти што ме гледаш“? Ме опцу и јас го опцув. Почна расправија и го видов Јетон како излегува од автомобилот и тргна кон нас со намера да не раздвои. После дојде и Скендер со истата причина и двајцата влегоа меѓу нас во расправијата. Во турканицата дојдоа и луѓе кои беа наоколу за да не смират и после тргнавме кон автомобилот за да си одиме- рече Беља.

-Немав намера да го убијам, многу ми е жал за сето ова. Јас само се доближив до него да видам зошто ме гледа така. Не го познавав по лик, го знаев само по име и презиме бидејќи ме има опцуено на Фејсбук. Јас не сум член на „Шверцери“ туку симпатизер.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1