Две петгодишни девојчиња избегаа од градинка во село во Сибир , па завршија во болница со премрзнатини .
За среќа девојчињата преживеале на -45 степени , недоволно облечени , а тргнале да ги израдуваат родителите. Тие решиле да избегаат на најсудениот ден во годината , кога температурата во Јакутск на Сибир била 45 степени под нулата.
Едно од девојчињата не понело ракавици , зашто на видеото се гледа дека ја држи својата омилена играчка. Сега во болницата и ги спасуваат трите измрзнати прстиња.
Мајката Евдокија Кутукова забележала дека го нема девојчето , кога дошла да го земе од градинка. Веднаш забележала дека ја нема ниту нејзината најдобра другарка и ги алармирала нејзините родители.
Набргу се јавил дедото на девојчето и кажал дека таа штотуку влегла дома , целото смрзнато и расплакано. Другото девојче се загубило на патот до дома , а по извесно време ја нашле во куќа , каде се скрила од студот.
,, Се сетила да побара помош и да влезе во нечија куќа . За среќа нема промрзнатини.” , изјави нејзината мајка.