СЈO: Нема олеснителни околности за обвинетите Сеад Кочан и Драган Павловиќ – Латас


Не се точни тврдењата дека СЈО ќе го преквалификува делото за даночно затајување по кое се гони новинарот Драган Павловиќ – Латас за предметот Тотал и ќе го промени со делото даночна измама вели за Канал 5 обвинителот Гаврил Бубевски

Ова доаѓа по вчерашниот брифинг на здруженијата граѓанските организации од проектот “За правда”, од каде посочија дека со најновите измени на Кривичниот законик можно е застарување на предметите на СЈО, Тотал и Труст, односно дека делото по кое се гони Павловиќ Латас можно е да се смени со новиот член што би бил поповолен за него.

„Даночното затајување и даночна измама се две различни дела и нивните дејствија се сосема различни“, вели Бубевски за Канал 5.

Тој објаснува дека даночното затајување се однесува на прометот на една фирма, која располага со лажни факти и фактури, преку кои се намалува даночната обврска и се затајува данокот кој треба да се плати на државата. Додека делото даночна измама значи дека било змеено нешто од државата што не смее да се земе, тоа е измамнично дејствие и се однесува само на ДДВ поврат од државата.

Бубевски ги отфрли и тврдењата дека со новите измени на Законот предметот Труст може да застари во 2021, како што тврдат од “Коалицијата Сите за правично судење”. Според него, овој случај ќе застари за 40 години, кога е и неговата горна граница за апсолутна застареност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1