Собранието ја отфрли иницијативата на Тодор Петров за нов референдум за името


Собранието ја отфрли како неуредна иницијативата на Тодор Петров за нов задолжителен референдум за името. Образложението е дека не може за исто прашање да се оджува референдум во рок од две години. На ова бурно реагираа опозициските партеници од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив претседателот Талат Џафери своеволно го суспендира правото на граѓански иницијативи да покренуваат референдум за одредени прашања.

Пратеникот Трајко Вељановски праша зошто воопшто Џафери ја стави оваа точка на дневен ред оти според Закон за референдум и Деловникот оваа иницијатива откако доби позитивно килсење од собраниските комисии требало да се достави до Влада за таму да се одобри и потписникот на иницијативата, во случајов Петров да почне со собирање на 150.000 потписи.

– Од работните тела има мислење дека граѓанската иницијатива е уредна и дека се собарни потребните потписи. Досега имало икс граѓански иницијативи и сите биле доставени до Владата. Не знам зошто се расправа за ова, дали можеби саката да им забраните на граѓани да покренуваат иницијативи и да собираат потписи. Ако мислите дека со ставање на седница, Собранието да ја отфрли иницијативата, мислам дека многу грешите. Нема што да разгледуваме дали е прифатливо или не. Почитување на праксата треба да продолжи без оглед дали станува збор за чуствителни прашања. Го рушите Законот за референдум и Деловникот. Што сега ќе се надгласуваме на пленарна со колкртивно гласање – рече Вељановски.

Претседателот на Собранието Џафери рече дека собарниските комисии се изјаснуваат за уредноста или неуредноста на иницијативата, но и дека не одлучуваат, туку даваат мислење.

– Право на пленумот е да одлучи за иницијативата. Комисијата ја гледала иницијативата само од аспект на потписи. Прашањето референдумско не соодветствува ни со името на државата ниту е како што треба да биде. Одлука за нештата не донесува претседателот лично, има можност претседателот не се согласува. Јас не се согласувам. Ако претседателот смета дека иницијативата е неуредна таа оди на седница. Формулацијата на прашања е неуредна, каде ќе се спроведе тој референдум, во која држава. Прашањето е дали сте за тоа името на Македонија да се промени во Северна Македонија – рече Џафери.

Според изгласаниот заклучок, иницијативата не е уредна бидејќи не е во согласност со член 24 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните на кое се повикува подносителот, како и со членовите 25 и 26, став 2, од овој Закон со кој се уредува кога и во кои случаи, односно за кои прашања може да се распишува дополнителен референдум.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1