МРСА е најдена во отпечаток од рацете на техничарот, протезите се дезинфицираат при прием


Не постои никаква опасност за ниту еден пациент кој бил во претходниот период или ќе биде пациент во Универзитскиот Стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ во Скопје, затоа што во заботехничките работилници каде работел вработениот, кој е забен техничар и кај кого во отпечаток од рацете во Институтот за микробиологија е најдена бактеријата МРСА, се работи исклучиво со заштитни ракавици и има доволно средства со кои се дезинфицираат забните одливци при прием. Во моментот исклучена е секаква можност за ширење на зараза со оваа бактерија.

Ова попладнево го изјави директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Ирина Бухова, која рече дека се преземени сите неопходни мерки односно сѐ што е пропишано со закон. Таа посочи дека нивни инспектори веднаш излегле на терен и извршиле вонреден инспекциски надзор.

– Уште во текот на вчерашниот ден кога вработениот ја информирал институцијата за наодот кој го има, повеќе не се вратил на работа. Во текот на вчерашниот ден консултирани се и во контакт стапиле членовите на нивната Комисија за интрахоспитални инфекции. Комисијата денеска заседаваше и донесе заклучоци. Нашиот инспекциски надзор ги потврдува заклучоците кои се донесени и кои се наложени и со решение и од наша страна. Пациентот, односно вработениот кај кого има изолирано бактерија нема да се врати на работното место, додека не се добие негативен резултат, односно не се докаже дека бактеријата веќе не е присутна – потенцира Бухова.

Таа појасни дека во текот на вчерашниот ден е извршена вонредна дезинфекција на просториите во Стоматолошки клинички центар, за утре е закажана вонредна дезинфекција од Центарот за јавно здравје Скопје, а во тек е комплетен здравствен преглед на сите вработени во таа јавна здравствена установа.

– Во текот на денешниот ден веќе првите 90 вработени ќе го поминат вонредниот медицински преглед. Нашиот инспектор немаше контакт со вработениот, бидејќи тој веќе е на боледување. За текот на неговата болест, кога ќе спроведеме вонреден инспекциски надзор ќе можеме да дадеме подетални информации. Вонредните здравствени прегледи се наложени и од Комисијата за интрахоспитални инфекции и од ДСЗИ, меѓутоа тие се вонредни и ќе се спрoведат на околу 300 вработени. Досега ниту еден од вработените во Стоматолошкиот клинички центар нема никаков симптом – додаде Бухова.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1