Поднесени кривични пријави против седум лица за случајот во Шутка


Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави против седум лица инволвирани во случајот во Шуто Оризари каде беа нападнати три лица од кои двајца полицајци.

Поднесени се две кривични пријави и тоа едната до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје против Ѓ. Д. (44), Е.З. (31), У. Ќ (30), С. Ј. (40) и А. И. (25), сите од Скопје, и втората до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење норганизиран криминал и корупција против Е. З. (41) и А.З.(41) вработени во МВР, кои не биле на работа, поради сомнение дека сториле кривично дело „насилство“.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тони Ангеловски денеска на прес-конференција појасни дека Е.З., У.Ќ., С.Ј., Ѓ.Д. и А.И. додека биле заедно со Е.З. и А.З. и други непознати лица на 28 јануари околу 19 часот во Шуто Оризари извршиле кривично дело врз Б.К., Ф.К. и А.Р.

– Откако од страна на повеќе лица кои биле во толпата, било запрено возило „хундаи галопер“, во кое се превезувале К. Б. како возач, А.Р. како совозач и Ф.К., настанала расправија, бидејќи пријавените се сомневале дека оштетените наводно грабнале дете во населбата Шуто Оризари, иако ниту едно семејство на територијата на Скопје нема пријавено таков случај. Оштетените биле извлечени од возилото и физички биле нападнати од пријавените, иако А.Р. се легитимирал со службена легитимација и кажал дека е вработен во МВР, истакна Ангеловски.

Осомничените потоа избегале, а повредените се пренесени во болница. За случајот беше известен и јавен обвинител.

– Обезбедени се видео записи, извршено е соочување и извршени службени разговори со повеќе лица. За Е.З. и А.З. поведена е постапка за дисциплинска одговорност и времено им е прекинат работниот однос, информира Ангеловски на прес-конференција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1