На жешкото столче денеска прва седна Радица Лазареска –Геровска државен советник во министерството за правда, и таа како и другите кандидати не можеше да ги избегне незгодните прашања.
Внимание предизвика и претседателската на Државната комисија за јавни набавки Маја Малахова на која од претставниците од невладиниот сектор и беше забележано дека не работела транспарентно .
Меѓу пријавените кои денеска беа испрашувани од комисијата за селекција на кандидатите, невладиниот сектор и новинарите беше и поранешниот директор на ДБК Горан Митевски. Тој рече дека ќе се обврзе коруптивните случаи еднакво да ги третира , и посочи дека е важна соработката со обвинителството. Утре треба да бидат испрашани останатите кандидати. Во план е на 8 февруари да бидат изгласани 7 те антикорупционери.