Утврдени роковите за нови табли, регистраци, пасоши и банкноти


Царинската управа вечерва доби задолжение во рок од три дена да стави налепници на таблите на граничните премини, државната граница, но и на двата аеродрома. Во рок од три дена сите институции мора да извршат промена на сите дигитални записи, логоа, меморандуми, електронски комуникации, веб страни, медиуми.

Во рок од две недели МНР мора да ги промени таблите во министерството, како и печатите и штембилите. Во ДКП-та промената мора да биде направена во рок од три недели информираат од меѓуресорската група.

Сообраќајните знаци на меѓународните патни правци во земјава, мора да се променат во рок од два месеци при тоа давајки им предност на англиската транскрипција пред македонскиот јазик во кирилско писмо.

За четири месеци мора да биде извршена промената на сите табли на централно и локално ниво. А новите регистарски ознаки МВР треба да започне да ги издава во рок од четири месеци. Во меѓувреме кеко преодно решение МВР ќе обезбеди налепници со ознака ,,НМК‘‘.

За шест месеци мора да заврши и ревизија на статусот на спомениците, јавните згради и инфраструктурата и доколку се однесува на античката хеленска историја и цивилизација како дел од историското наследство на Грција да се преземат соодветни корективни мерки и активности. За шест месеци треба да се отстрани симболот истакнат на поранешното национално знаме од целиот јавен простор и јавна употреба – а од ова се изземени археолошките артефакти.

До крајот на 2019 година МВР треба да започне со издавање на нови пасоши, а во преодниот период при излез или влез во република Северна Македонија во постојните ќе става печат кој ќе појасни дека патните исправи припаѓаат на РСМ.

Народната банка треба да направи план за постепена замена на банкнотите, а првите нови банкноти со новото име на Народната банка би можеле да бидат изготвени на почетокот на 2020 година. Потоа, сукцесивно, да бидат целосно заменети најдоцна во рок од пет години од отварањето на релевантното ЕУ поглавје

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1