страотна сообраќајна несреќа попладнево во 17 часот се случи на автопатот Скопје – Тетово кога автобус полн со патници излета од патот кај село Ласкарци.
Повредените патници на автобусот се згрижени во Градската болница во Скопје и на други клиники, а околу 19.30 часот за состојбата на повредените патници изјава ќе даде министерот за здравство Венко Филипче.
Неофицијално, во автобусот кој и припаѓа на компанијата „Дурмо турс“ патувале околу 50 лица. Според очевидци автобусот излетал од патот најверојатно поради пукната гума, но причините за страшната сообраќајка ќе ги утврди истрагата.