Иванов посети семејства на загинати во автобуската несреќа


Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Гостивар ги посети семејствата Узеири, Трпевски и Исмаили чии членови се меѓу загинатите патници во вчерашната автобуска несреќа на патот Скопје – Тетово, изразувајќи им најдлабоко сочувство за претрпената загуба, соопшти Кабинетот на Иванов.

Претходно во Општина Гостивар македонскиот претседател присуствуваше и се обрати на комеморативната седница во чест на загинатите граѓани. Рече дека тагата треба да ја споделуваме и да помислуваме на живите и како на најблиските да им помогнеме да ги пребродат овие најтешки моменти во нивниот живот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1