Амбасадата на САД предупредува за зголемен ризик од терористички напад


Американската амбасада во Скопје објави предупредување дека постои зголемен ризик од терористички напад на територијата на Република Северна Македонија.

-Постои зголемен ризик од терористички напади инспирирани од екстремистичка идеологија во Северна Македонија. Терористички организации и поединци инспирирани од екстремистичката идеологија имаат намера за напад врз цивили, вклучително и државјани на САД во странство. Терористите се почесто користат помалку софистицирани методи за таргетирање на групи луѓе на јавни места, вклучително и со користење на пиштоли, возила и остри предмети, се наведува во соопштението објавено на интернет страницата на Американската амбасада.

Од Aмбасадата предупредуваат дека терористичките напади и други безбедносни инциденти често се случуваат без никака најава и апелираат граѓаните на САД да одржуваат високо ниво на претпазливост.

– Екстремистите повеќе се стремат кон изнаоѓање и напади врз “меки цели”, како што се: трговски центри и пазари, аеродроми, хотели, клубови и ресторани, верски објекти, училишта, паркови и јавни настани од висок профил (спортски натпревари, политички митинзи, демонстрации, празнични настани, славенички собири итн.), се наведува во предупредувањето од Американската амбасада.

Министерството за внатрешни работи претходно, вечерва, информира дека по дојава од пријателска земја биле спроведени оперативно-тактички мерки и претреси на неколку локации поврзани со потенцијални планови и намери за извршување на терористички акт на територијата на нашата држава од страна на припадници на радикални структури поддржувачи на ИСИС.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1