Абдулменаф Беџети и Теута Арифи се на консензуалната листа на претседателски кандидати


Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешната средба во Клубот на пратениците заклучиле да направат обид да се најде заедничка личност за кандидат за претседател на државата.

Одговарајќи на новинарско прашање, Зоран Заев откри дека на листата на претседателски кандидати на СДСМ се наоѓаат десет имиња за кои во моментов се прават анкети.

На таа листа се наоѓаат Абдулменаф Беџети, член на МАНУ како и Теута Арифи, поранешна вицепремиерка за европски прашања и сегашна градоначалничка на Тетово.

Заев по средбата изјави дека таа личност треба да ги претставува сите граѓани во Република Северна Македонија, со што ќе се испрати порака за едно општество за сите.

Најави дека партиските органи во наредните денови ќе ги продолжат консултациите за можноста за заеднички претседателски кандидат.

– Станува збор за вредна шанса, што можеби ќе успее, а можеби не, рече Заев.

Тој повтори дека нема да се кандидира за шеф на државата. Прашан кои се можните кандидати на СДСМ, Заев кажа дека од десетината имиња кои се спомнуваат во јавноста, пет се фаворити. Најави дека поконкретни информации ќе се знаат во наредните денови.
За професорката Гордана Сиљановска нагласи дека за нив не е прифатлива како заеднички претседателски кандидат.

Али Ахмети, пак, изјави дека одлуките што ќе се донесат треба да бидат во корист на државата, мнозинството граѓани и на партиите. Потврди дека разговорите продолжуваат на ниво на организациски секретари.

На новинарско прашање дали ДУИ би го поддржала Зоран Заев како кандидат, Ахмети не одговори конкретно. Рече дека не е добро лидер на политичка партија да стане претедател.

Прашан за Никола Димитров, лидерот на ДУИ кажа дека не сака сега да се изјаснува за имиња, оти се прават анкети кои треба да дадат поконкретни сознанија.

Ахмети нагласи дека и тој нема да се кандидира за шеф на државата.

По средбата со Ахмети, Заев најави разговори и со другите политички партии од и надвор од владината коалиција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1