Годинава 67 здравствени работници биле заразени со морбили. Од почетокот на епидемијата досега најмногу случаи 50 се регистрирани во Скопје, по 6 има во Куманово и Тетово, 2 во Кочани, и по еден во Гостивар, Кичево и Струга.
Од Институтот за јавно здравје велат дека не станува збор само за лекари, туку и за сестри и друг медицински персонал. Иако повеќето биле вакцинирани, сепак се заразиле поради директниот контакт со заболени од мали сипаници.
– Има и здравствени работници, заразени од морбили што и се очекуваше, изјави д-р Јованка Сурлакова – Коровешовска епидемиолог во Центарот за јавно здравје – Охрид.
Поради зголемениот број на случаи и во Струга е прогласена епидемија на морбили. Во овој град за неполн месец има 24 заболени лица.
-На заболените им се прегледува вакциналниот статус, но и статусот на неговите контакти, кои доколку не се вакцинирани се вакцинираат и на тој начин се заштитуваат. Најважно е секој болен да биде изолиран и на тој начин спречуваме да не се шири заразата, посочи Сурлакова – Коровеповска.
Претходно освен во Скопје епидемија беше прогласена и во Куманово, Тетово и Гевгелија. Досега во земјава официјално во ИЈЗ пријавени се над 660 случаи со мали сипаници, а 3 лица починаа.