Министерство за правда: ВМРО-ДПМНЕ не доставила амандмани


Министерството за правда денеска до крајот на работното време не ги добило амандмани од ВМРО-ДПМНЕ за предлог-законот за јавно обвинителство, кои лидерот на партијата кажа дека биле доставени неколку часа пред дуелот со Зоран Заев на Канал 5.

До крајот на работното време, како што посочија за МИА од Министерството, 65 амандмани во тврда корица не добиле нивните служби. Не ја исклучуваат можноста тие да се пратени по пошта и оти може да стигнат утре.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски вечерва во ТВ дуелот со премиерот и лидер на СДСМ, Заев информира дека денеска неговата партија доставила 65 амандмани за законот, со кој се регулира и статусот на СЈО.

Заев истакна дека пред емисијата не бил информиран за тоа и најави дека ќе прифати се што не подразбира заштита на криминал и е согласно Уставот и законите.

Мицкоски рече дека неговата партија и до Министерството за правда и до меѓународната заедница ги доставила амандманите, откако Министерството претходно ги прифати принципите што го побара ВМРО-ДПМНЕ – правда за секого и сите, меѓународни правила и прописи инкорпорирани со сето значење и почитување на човековите права согласно принципите на Судот во Стразбур, ЕК и Венецијанската комисија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1