Правда тврди: Амандманите на ВМРО-ДПМНЕ пристигнале по крајот на дуелот


Амандманите за законот за јавно обвинителство на ВМРО-ДПМНЕ вчера вечерта по завршувањето на ТВ дуелот меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пристигнале до Министерството за правда.

-Вчера вечерта по завршувањето на ТВ дуелот пристигнаа амандманите до министерката Дескоска, потврдија утрово за МИА од Министерството за правда.

Мицкоски вчера на ТВ дуелот кажа дека ВМРО-ДПМНЕ до Министерството за правда и до меѓународната заедница доставила 65 амандмани, откако Министерството претходно ги прифатило принципите што го побара ВМРО-ДПМНЕ – правда за секого и сите, меѓународни правила и прописи инкорпорирани со сето значење и почитување на човековите права согласно принципите на Судот во Стразбур, ЕК и Венецијанската комисија.

Од Министерството за правда вчера информираа дека до крајот на работното време не ги добиле амандмани од ВМРО-ДПМНЕ за Предлог-законот за јавно обвинителство, кои лидерот на партијата кажа дека биле доставени неколку часа пред тв дуелот со Заев.

До крајот на работното време, како што посочија за МИА од Министерството, 65 амандмани во тврда корица не добиле нивните служби.
Заев истакна дека пред емисијата не бил информиран за тоа и најави дека ќе прифати се што не подразбира заштита на криминал и е согласно Уставот и законите.

Министерката за правда Рената Дескоска на својот Фејсбук напиша дека на ВМРО-ДПМНЕ часовникот им им доцни најмалку четири часа.

-На вистинско место – на театар, додека надвор се случувала вистинска драмолетка околу амандманите. Денеска ВМРО-ДПМНЕ два пати покажа дека живеат во паралелна реалност: прво тврдеа дека сме прифатиле нешто што никогаш не сме им прифатиле. Вечерва тврдеа дека доставиле во пишана форма амандмани во Министерството, па потоа рекоа дека пратиле на мејл. Ама дознавме и дека не живеат само во паралелна реалност, туку и саатот им доцни – најмалку 4 часа. Но, според постапките изгледаат изгубени и во времето. Само не ми е јасно зошто им требаше целата оваа драмолетка?!“, напиша Дескоска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1