Мукоски: Не сум размислувал да се вратам во ВМРО-ДПМНЕ


Неделава се одржа средба на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски со независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, иако не беа изнесени многу детали за разговорите. За време на дебатата на Канал5, Мицкоски кажа дека се е можно па и враќање на пратениците.

– „Секогаш во животот постојат работи што имаат реверзибилна насока. Апсолутно е можно, би бил несериозен ако речам дека тоа не е можно“, рече Мицкоски на дуелот со Заев кој беше наречен Дуел на деценијата.

За Независен весник, се огласи Мукоски и кажа дека не размислувал за враќање.

– „Искрено, не сум размислувал за мое враќање во ВМРО-ДПМНЕ, па затоа не можам да го коментирам ставот на Мицкоски“, вели Мукоски за „Независен весник“.

Сепак, во разговор со членовите на „Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија“, може да се слушне дека размилсуваат за предлогот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1