Таткото на полицаецот Филип Филиповски кој беше прободен во саботата во дискотека во Марино е активен на социјалните мрежи каде ги обвинува синовите на градоначалникот Цветковски.
– Филип сеуште се бори, мора да победи,с илен е тој, знам дека и добрината што ја има како и подршката на илјадници луѓе ке помогне да издржи. УБИЕЦОТ се шета слободно, да УБИЕЦ и тоа БРУТАЛЕН. Да го наречам човек неможам, убиство без причина човек не може да направи, Филип засекогаш ке мора да живее без бубрег и слезина органи што му ги одзеде МОНСТРУМОТ. Верувам дека институциите на државата ке го сместат УБИЕЦОТ таму каде што му е место прво заради задоволување на правдата и второ за сите други млади луге да можат безгрижно да си го минуваат најубавиот период од нивниот живот, заради родителите да можат да спијат мирно а не да чекаат дали ке се врати нивното дете живо и здраво. ВИ БЛАГОДАРАМ ЗА ПОДРШКАТА, напиша таткото на Филип на Фејсбук денеска.
Тој вчера обвини дека синовите на градоначалникот се шетаат во негово маало.
– Ми се јавуваат секојдневно другарчиња на Филип и почнаа да се јавуваат и мои сограѓани кои ги забележале синовите на градоначалникот како со своите џипови крстосуваат низ нашето населеното место. Се прашувам зошто го прават тоа, зошто закани и притисоци на сите кои биле присутни во дискотеката, нели се невини и не го сториле делото. Ако е така нека ги остават децата на мира да кажат што виделе и нека помогнат да се дознае вистината за да ги отфрлат обвинувањата на нивното име, ама…напиша Гоце Филиповски кој е активен на Фејсбук каде постојано пишува за инцидентот и случувањата поврзани со него.
Од друга страна, Ѕвонко Цветковски за ТВ24 демантира дека неговите деца се виновни за прободувањето, иако вели учествувале во тепачката, но и тие се повредени.