Кандидатот за претседател од СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски во вечерашната дебата на телевизија Телма ја праша противкандидатката Гордана Силјановска Давкова како ќе го подобри Договорот од Преспа, а потоа тоа да биде ратификувано и во грчкиот Парламент.
-Не ми е јасно како Силјановска како претседател ќе го почитува и применува новото име, а како индивидуа ќе го одбегнува. Можно е менување на Договорот од Преспа, но потребна е согласност од двете страни. Еве нека каже Силјановска како планираат да го сменат, дали да издејствуваат признавање на македонскиот јазик што веќе е издејствувано, што подобро ќе направат од овој Договор, а во истовреме ќе биде ратификувано и во грчкиот Парламент?, праша Пендаровски.