Дескоска: Нема законска можност за помилувања од Иванов


Постапка за помилување може да се води единствено преку Министерството за правда, од каде, како што велат досега не се стигнати барања за помилувања на осудени лица за настаните во Собранието од 27-ми април 2017 година.

Министерката за правда Рената Тренеска-Дескоска вели дека нема законска можност да се води постапка за помилување од страна на претседателот на државата.

Поијаснува дека постапката за помилување може да се води единствено преку Министерството за правда, имајќи предвид дека нема законска основа за помилување без претходна постапка во ова Министерство.

-Избришан е членот 11 од Законот за помилување кој претходно предвидуваше таква постапка од страна на претседателот, а и со укинувачка одлука на Уставниот суд во 2016 година тој член не е „оживеан“, односно не постои во правниот систем на државава, објаснува министерката.

Втората пречка, како што додава Десксока, произлегува од фактот што се распишани претседателски избори, а во тој период не може да се даваат помилувања.

– Министерството за правда откако се распишани изборите не препраќа никакви предмети за помилување до Кабинетот на пртседателот на државата. Во оној момент кога Државната изборна комисија официјално ќе прогласи дека изборите се завршени ќе може да бидат препратени барања за помилување до Кабинетот на претседателот, вели министерката за правда.

Таа вели дека до овој момент во Министерството за правда не се стигнати барања за помилување на осудени лица за настаните од 27-ми април. Во контекст на тоа додава дека има барања за други предмети, кои чекаат да заврши изборниот процес.

До кабинетот на претседателот на државата Ѓорге Иванов се доставени неколку барања за помилување на осудени лица за случајот „27 април“. Од кабинетот на претседателот за МИА велат дека последното од повеќето барања за помилување пристигнало во петокот во попладневните часови.

Премиерот Зоран Заев вчера одговарајќи на новинарско прашање рече дека аболицијата од претседателот Ѓорге Иванов не очекува, бидејќи тоа не постои повеќе како законска можност.

-Со последното давање на аболицијата се потврди непостоењето на соодветните членови кои не постојат во законот за претседателот да го искористи тоа право, истакна Заев.

За насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, на 15 март годинава на вкупна затворска казна од 211 години беа осудени 16 лица.

Највисока казна од 18 години доби поранешниот министер за внатрешни работи и директор на БЈБ, Митко Чавков.

Мандатот на актуелниот претседател Ѓорге Иванов истекува на 12 мај годинава. Неговиот наследник треба да се добие по претседателските избори што ќе се одржат на 21 април и 5 мај.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1