Неофицијално, 7 мај, вторник, ќе биде прогласен за неработен ден бидејќи цел град ќе биде блокиран. Станува збор за посета на досега најважна светска личност и не смее ништо да се остави на случајноста. Ова ќе биде голем тест и за нашите безбедносни сили, велат извори за весникот Вечер.
Секој милиметар од трасата по која ќе се движи папата Франциск при неговата посета на 7 мај е под сериозна безбедносна контрола. Иако, официјално, не се објавува никаква информација, освен агендата што е објавена на веб страницата на www.papa.mk, институциите го кријат во тајност секој чекор, сепак откако поради безбедносни причини деновиве беа заварени и затворени шахтите во центарот на градот, полициски екипи ги контролираа и становите во сите околни згради во центарот на Градот и во околината на Католичката црква.
Неофицијално дознаваме дека 7 мај, вторник, ќе биде прогласен за неработен ден бидејќи цел град ќе биде блокиран.
-Станува збор за посета на досега најважна светска личност и не смее ништо да се остави на случајноста. Ова ќе биде голем тест и за нашите безбедносни сили, велат извори за весникот Вечер.
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск ќе престојува во Скопје десетина часа. Официјалната церемонија со највисоки државнички почести ќе биде организирана во претседателската палата на Водно кај неговиот официјален домаќин, претседателот Ѓорге Иванов. Светиот отец ќе се сретне и со претседателот на Владата, Зоран Заев, по што ќе следуваат средби со претставници на државниот врв, на цивилното општество и дипломатскиот кор, а агендата предвидува и посета на Спомен-куќата на Мајка Тереза, каде ќе има средби со лидерите на верските заедници, како и средба со сиромашни граѓани. Во програмата не е предвидена посебна средба со поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан туку таа ќе се оствари во рамките на екуменската и меѓурелигиска средба во Спомен-куќата на света Мајка Тереза. Централниот настан – светата миса ќе се одржи на плоштадот Македонија. Потоа, папата Франциск ќе се упати во Катедралата Пресвето срце Исусово, каде ќе оствари средба со младите од нашата земја и регионот, кои тој ден ќе бидат во Скопје. Ќе има средба со свештениците и нивните семејства, како и со многу посветените лица од Католичката црква, по што ќе следи испраќање на делегацијата на аеродромот во Скопје.
Инаку, свечениот ручек ќе биде организиран во бискупската резиденција. За присуство на мисата на Плоштад пак се потребни специјални акредитации без кои нема да смее да се влезе на Плоштадот.