Цел Белград ја бараше ќерката на американскиот дипломат – откриена причината за нејзиното исчезнување


Белградската полиција, службеници на амбасадата на САД во Белград, како и некои граѓани, завчера ја бараа ќерката на американскиот дипломат, која исчезна после заминувањето од училиште. После повеќечасовна потрга пронајдена е како лута низ Белград.

Четиринаесетгодишната Рејчел ги загрижи родителите кога вчера после училиште не се појави дома. Таа училиштето го напуштила во петокот во 16:30 часот и тргнала накај Баново Брдо каде живее со родителите, но дома не стигнала. Загрижените родители повикале полиција која веднаш реагирала и тргнале во потрага, а во потрагата се вклучиле и вработени во Амбасадата на САД во Белград и бројни граѓани.

Како што пишуваат српските медиуми, Рејчел претходниот ден се скарала со својата мајка, па добила идеја со својот „излет“ малку да ја загрижи. Ситуацијата ја отежнува и тоа мајката ѝ го одзела мобилниот телефон на тинејџерката, па таа се долучила на „одмазда“. Додека потрагата траела припадниците на безбедносните служби сериозно ги разгледувале сите можни ситуации и сценарија за да ѝ влезат во траг.

Кога полицајците ја нашле на улица, девојчето било преплашено, па ја однеле до најблиската полициска станица, а потоа ги известиле нејзините родители дека е пронајдена.

Амбасадата им се заблагодари на сите граѓани кои учестувале во потрагата по малата Рејчл Меккју.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1