Нотр Дам не смее да се гаси со хеликоптери за да не се урне- за локализирање на пожарот клучен следниот час


Соседните згради се евакуирани , а полицијата ги спречува сите да се приближат до катедралата , со цел да се овозможи непречено минување на противпожарните возила.

Од противпожарната служба информираат дека се клучни следните 90 минути за да се локалозира пожарот за да се спаси тоа што останало.

Во гасненењето на пожарот на катедралата Нотр Дам во Париз се вклучени повеќе од 400 пожарникари и возила.

“Од безбедносни причини не може да се користат авионите за гасење пожари „канадер“ оти еден авион исфрла 6 тони вода при голема брзина, што може да повреди луѓе и да ја оштети структурата на катедралата и таа моше да се урне” информираат од противпожарната служба во Париз.

Париската противпожарна служба не е сигурна дека ќе успее да го спречи ширењето на пожарот кој вечерва ја зафати катедралата Нотр Дам во Париз. Од огнот веќе се урна едната кула и дел од покривот.

Не е сигурно дека ќе успееме да спречиме ширење на огнот кон северната камбанарија. Ако таа се урне, може да се претпостави степенот на штетата, изјави генерал Жан-Клод Галет, дополнувајќи дека со стихијата се борат над 400 пожарникари.

Добрата вест е дека реликвиите не се во опасност.

– Сите свети предмети не се засегнати, тие се на безбедно место, изјави портпаролот на Нотр Дам Андре Фино.

Во 1239 година во катедралата е донесена реликвија, светиот венец од трње на Исус

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1