Нотр Дам спасена од целосно уништување, пожарникар сериозно повреден


Двете предни кули на Нотр Дам се спасени, соопшти противпожарната служба. Еден пожарникар е сериозно повреден во пожарот што за неколку часа ја голтна Богородичината црква во Париз.

Повеќе од 400 пожарникари го гаснат огромниот пожар што ја зафати катедралата во Париз, соопшти париската пожарникарска служба и додава дека се работи за гаснење на многу тежок пожар.

Главната структура на катедралата Нотр Дам во Париз е спасена и зачувана, потврди шефот на пожарникарите, но медиумите објавија дека еден пожарникар е сериозно повреден.

Тие веќе пет часа водат битка со катастрофалниот пожар, кој околу 18.50 часот избувна во поткровјето на катедралата стара 850 години и потоа се прошири на голем дел од покривот. Една од главните кули висока 93 метри се урна по неколку часа, но официјални лица велат дека се спасени две други кули.

“Од безбедносни причини не може да се користат авионите за гасење пожари „канадер“ оти еден авион исфрла 6 тони вода при голема брзина, што може да повреди луѓе и да ја оштети структурата на катедралата и таа моше да се урне” информираат од противпожарната служба во Париз.

Пожарот извувна во 18.30 часот и по кратко време целосно ја проголта високата купола.

Еден пожарникар е повреден во акцијата, но со оглед на комплицираноста на ситуацијата успех е тоа што веќе се совладани највисоките пламени јазици.

Ја нема сликата на силниот оган, верниците околу катедралата се молат во последната недела пред Велигден.Парижани ја пеат „Ave Maria“ додека ја гледаат катедралата „Нотр Дам“ во пламен.

Француското обвинителство отвори истрага за причините за пожарот во Нотр Дам во Париз.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1