Путин му понуди помош на Макрон за обновата на Нотр Дам по трагичниот пожар


Рускиот претседател Владимир Путин му понуди на францускиот претседател Емануел Макрон да ги испрати најдобрите руски специјалисти за да помогне во обновата на катедралата Нотр Дам во Париз и изрази сочувство во врска со пожарот што го уништи националниот симбол на Франција, објави канцеларијата за односи со медиумите во Кремљ, пренесува ТАСС.

„Нотр Дам е историски симбол на Франција, непроценливо богатство на европската и на светската култура и едно од најважните светилишта на христијанството”, се вели во телеграмата.

„Путин се надева дека ќе биде можно повторно да се изгради катедралата и се понуди да ги испрати во Франција најдобрите руски специјалисти со широк опсег на искуство во обновување на спомениците од светското културно наследство, вклучувајќи ги и делата од средновековната архитектура ,” продолжува телеграмата.

Причината за пожарот што вчера уништи дел од светски познатата катедрала во Париз не е позната. Прелиминарната истрага откри дека пожарот избувнал случајно и дека не е подметнат.

Нотр Дам со години „плаче” за реставрација бидејќи делови веќе беа уништени од забот на времето, а пожарот само го доуништи тоа што беше останато. Реновирањето на најпознатата готска градба во светот ќе чини околу 180 милиони долари.

Во своите 850 години постоење катедралата поминала низ бројни предизвици. Французите почнале да ја градат во 1163 година и била завршена во 1345 година. Била оштетена и запоставена за време на Француската револуција, а романот на Виктор Иго, „Sвонарот на Богоричната црква” во 1831 година, укажа на нејзината страшна состојба. Поради таа книга, Нотр Дам доби нов изглед. Реновирањето траеше 20 години, од 1844 до 1864 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1