Кривичниот суд во Скопје му определи нови 30 дена куќен притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски во истрагата којашто ја отвори Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, јавува „Макфакс“.
Причините за одредување мерка куќен притвор првично беа поради можност од бегство и влијание врз сведоци.
Поранешниот градоначалник на општина Карпош и уште осум други лица се осомничени за неколку кривични дела како незаконска легализација и продажба на земјиште, бесправно градење и садење цвеќе. Меѓу осомничените има и бизнисмени од градежниот сектор.